Напади и каснувања од страна на бездомни кучиња случени на подрачјата на скопските општини Центар и Карпош вчера пријавиле три скопјанки.
Полицијата информира дека вчера во 11:15 часот, во Полициската станица Центар, 48-годишната С. М. од Скопје пријавила дека на улицата Јужен булевар во Скопје била касната од куче скитник.
-Истиот ден во 22:.35 часот, во Полициската станица Центар, 78-годишната Л. Ц. од Скопје пријавила дека на улицата „Народен фронт“ во Скопје била касната од куче скитник, а во 23:30 часот, во Полициската станица Карпош, 69-годишната Ш. А. од Скопје пријавила дека на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник, се наведува во информацијата.