Во Македонија денеска се избира претседател на државата. Според укажувањата од надлежните органи изборите течат без посериозни проблеми.
Од обработените податоци што го прави ДИК излезноста на гласање до 15:00 часот во земјава изнесува 34,79% од гласачите. Објавените податоци на интернет страница на Државната изборна комисија покажуваат дека најголема излезност на гласачи има во Новаци (57,69%).
Во главниот град, Скопје, најголем одѕив како и во 13 часот има во општина Карпош (45,24%). Слична излезност има и во Центар (45,22%), Аеродром (44,51%), Кисела Вода (44,24%) и Ѓорче Петров со (44,12%).
Најмала излезност на изборите до 13 часот во скопските општини има во Шуто Оризари (22,22%) и Сарај (32,07%).
Во објавеното нема податоци за општина Чаир. Во овој дел од Скопје до 13 часот излезноста беше (20,50%).