Од денеска, првиот ден по празникот Цветници, почнува последната седмица пред Велигден наречена Страдална или Страстна седмица, Седмица на маките ја претставува последната седмица од Христовиот живот на земјава, а која помина со негови тешки страданија, починување и погребување. Оваа седмица се нарекува и Велика седмица, поради големината на настаните што се случиле во неа.
Според православниот календар секој ден од оваа недела е Велики.
На Велики понеделник Христос, влегувајќи во Ерусалимскиот храм, се налутил на собраните се толпа. Храмот за молитви бил претворен во трговци и во гнев, Божјиот син ги разурнал масите на трговците.
Затоа на Велики вторник Исус поминал во морални насоки, а според црковниот канон денот е определен за смирение.
На денот на Светата и Велика среда Јуда отишол кај јудејските првенци и договорил предавството на Христа за 30 сребреници .
Голема среда обичај пак наредува да се бере здравец, претежно од децата и на Велики петок да се раздава за здравје.
Велики четврток е поврзан со Тајната вечера , кога е утврдено таинствената о Причест. По вечерата Христос зел леб, благослови, го раскрши го раздал на своите ученици и рекол: “Земете, јадете, ова е моето тело!”. Потоа ја подигнал чашата и рекол: “Пијте сите од неа. Тоа е мојата крв на Новиот завет, која за вас и за мнозина се пролева за простување на гревовите”.
По светата тајна Христос признал пред своите ученици дека ќе биде предаден .
Велики четврток е најочекуваниот ден во Страсната седмица од децата . Тогаш се станува рано, а своевремено децата демнат која кокошката прва ќе снесла. Ова јајце се насликува прво во црвено .
Со првото насликани јајца, уште додека не е секна, се фаќа образите и челата на децата за здравје. Кој не успева да бојадиса јајцата во четвртокот, може да го направи во саботата.
Велики петок, е денот во кој е распнат Исус Христос и е посветен на неговите страдања. На Велики петок не се прави ништо – дозволено е само да се цртаат веќе бојадисаните јајца. На Велики петок не се јаде ништо, се пие само вода .
На Голема сабота се оди на гробовите на починатите роднини. На нив се носат вапцани јајца, жито и леб.
Во текот на Страдалната седмица ни се претставува централната библиска содржина. Во овие дни, зближени се настаните од Стариот и од Новиот завет. Сè што е пророкувано и претскажано во Стариот завет и сè што е забележено во Новиот завет ни е на очиглед во настаните од Страдалната седмица. Сè е збрано во она што се случило во последните денови и часови од земниот живот на Господа Исуса Христа. Богослуженијата се обилно збогатени и украсени со мудро избрани текстови од Библијата. Овие денови на богослужбите се читаат содржини од пророчките книги, од Евангелието и од Апостолот. Сето тоа е велелепно проследено со длабоки, содржајни молитви и песнопенија. Тие се и слаткопејни и оплакувачки, и покајни и животорадосни, страдални и воскресенски.
Во овие денови верниците стануваат сопатници Христови, се оди по стапките Господови и по Неговиот пат до Крстот – патуваме од Витанија до Черепница (Голгота), од Неговото царско влегување во Ерусалим – до Неговите искупителни страдања на Крстот, а потоа и до светлото торжество на Воскресението.
Оваа седмица не се прават панихиди, помени и акатисти, заради посветеноста на целото внимание и молитва кон големите настани. Во овие денови на Страдалната седмица, на трпезата, за храна се употребуваат само суви јадења. „И со тоа да бидеме задоволни“, вели правилото од Посниот триод. Тоа е утврдено и на Шестиот Вселенски собор. Постот трае сè до полноќта на Велика Сабота, односно до завршувањето на велигденската света Литургија.