Најмалку 19 лица загинаа во уривање на коловоз на автопат во јужната кинеска провинција Гуангдонг, јави кинеската државна телевизија ЦЦТВ. Вкупно 30 лица исто така се пренесени на лекување во болница откако рано утринава се урна патот.
Фотографиите на социјалните мрежи покажуваат дека автопатот минува по падина каде што коловозот делумно се срушил и се превртел. Може да видите и уништени автомобили кои очигледно паднале по падината.
Во регионот со денови врне силен дожд Пропаднатиот дел од патот е долг околу 18 метри и зафаќа површина од околу 184 метри квадратни, јавува ЦЦТВ.
Во акцијата за спасување учествуваат околу 500 припадници на итните служби на полицијата, пожарникари и други надлежни органи. Во моментов се истражува причината за несреќата.