Во Скопје денеска ќе се одржи централното одбележување на 7 Мај – Денот на македонската полиција.
Централната прослава ќе биде во паркот кај авиончето во општина Аеродром каде се најавени обраќања на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев.
На одбележувањето на Денот на македонската полиција ќе присуствуваат и претставници на дипломатскиот кор во земјата, а во рамки на прославата предвидени се изложба и презентација на опрема на различни полициски единици.
Поради одбележувањето на Денот на македонската полиција во периодот од 8 до 18 часот ќе биде воведен пособен сообраќаен режим во овој дел од градот.
Затворен за сообраќај ќе биде булеварот „АСНОМ“ на потегот од крстосницата со булевар „Србија“ до крстосницата со булевар „Февруарски поход“