Државната изборна комисија информираше за излезноста до 09 часот, односно два часа по отворањето на гласачките места. Своето избирачко право за претседателските избори го искористиле 4,34 проценти од гласачите, а за парламентарните 4,66 проценти.
-Споредено со вториот круг од претседателските избори во 2019 година, сега има намалување на излезноста до 9:00 часот за 1,9 проценти, рече Александар Даштевски од ДИК.
Денеска најмала излезност има во Боговиње, односно 0,57 отсто за претседателските или 1,47 посто за парламентарните, а според податоците на ДИК најголема излезност за претседателските избори имало во Пробиштип 8,8%, а за парламентарните во Кривогаштани.
Даштевски одрекува дека постои бојкот на одредени места и тврди дека податоците на ДИК се најверодостојни и тие не го покажуваат тоа.
Технички проблеми кои се решаваат имало на избирачки места во Кочани, Охрид, Куманово, Тетово и Гази баба. Во ДИК пристигнале 15 приговори, од кои само три се одбиени.