Одличната македонска тенисерка Лина Ѓорческа со победата го стартуваше ИТФ Фјучерсот во Трнава, Словачка. Најдобрата наша тенисерка во првото коло ја совлада руската тенисерка Полина Кудерметова во два сета, со 6-4 и 6-4.Ова е голема победа ако се знае дека Кудерметова е на 165-то место на ВТА листата или дури 48 позиции пред Ѓорческа. Нешто повеќе од еден ипол час и требаше на Македонската за да во двата сета си обезбеди пласман во втората рунда.
Во второто коло Ѓорческа ќе игра против победничката од мечот на првата носителка Маи Хонтама (Јапонија) и Радка Зелничкова (Словачка).
Инаку, овој турнир се игра за награден фонд од 60.000 долари.