Утре стартува петто издание на Скопскиот Градски Фестивал

Во четврток на 9 мај 2024 година, во дансинг салата на Младинскиот Културен Центар, со почеток во 20:00 часот, ќе се одржи јубилејното петто издание на Скопскиот Градски Фестивал, во организација на Баги Комуникации. Организаторите најавуваат возбудлива и исклучително квалитетна програма.

По повеќе од пет години, пред скопската и македонска публика ќе настапи еден од најдобрите македонски и балкански рок состави – Блла, блла, блла – предводен од харизматичниот лидер и автор со оригинален музички израз, Идриз Амети. По него, на сцената ќе се појави Мухамед Ибрахими кого го нарекоа скриен гитарски бисер, а за секој негов концерт секогаш се бара место повеќе. Тој својата гитара (мандолина, саз итн.) ја третира на многу неконвенционален начин, доста интуитивен и инспиративен. Неговите композиции се автентична мешавина на повеќе музички стилови, како блуз, рок или амбиентален, но длабоко вкоренети во ориенталната (суфи) традиција и балканскиот фолклор.

Освен музичкиот дел, присутните ќе може да ја видат и изложба на академската уметница Маргарита Василевска, која во МКЦ ќе изложи 28 свои дела.

Претходна вестПријавени нерегуларности во предизборниот молк: Бонови за точење гориво, оштетени банери, поткуп и мито…
Следна вестЃорческа со победа против подоброрангирана тенисерка стартуваше нa турнирот во Трнава