Темен режим Режим на светлина

Убаво, градскиот мешан хор „Вардар“ освои златен медал на Меѓународниот хорски фестивал во Бијељина

Скопскиот градскиот мешан хор „Вардар“ се закити со златен медал на 23-тото издание на Меѓународниот хорски фестивал „Мајски музички свечености“ во Бијељина, Република Српска. Во конкуренцијата имаше повеќе мешани хорови од регионот.

Хорот, под водство на маестра Јасмина Ѓорѓеска, на Фестивалот кој се одржа од 10-12 мај 2024-та година, покажа висок степен на музичка изведба, што резултираше со освоено прво место. При доделување на наградата, членовите на жирито го пофалија напорот и ангажманот на членовите на хорот, истакнувајќи го исклучителниот труд и музички талент. Хорот на Фестивалот се претстави со четири композиции од домашни и странски автори.

Хорот ,,Вардар“ во своето 24-годишно постоење, со посветеност и ентузијазам ја промовира хорската музика во Република Македонија и во странство, постигнувајќи бројни награди и признанија.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Се помалку бебиња во ЕУ, а и во Македонија е исто: Ќе си бараме ли чаре или ќе чекаме решение од Брисел, како и за се друго?

Седуммесечно бебе починало по пад од импровизиран кревет во семејниот дом во Вевчани

Следна објава

Македонците лани со платежни картички во странство потрошиле 573,4 милиони евра, најмногу купувале на „Букинг“, „Виз Ер“, „Амазон“...