Ѓорческа со победа против подоброрангирана тенисерка стартуваше нa турнирот во Трнава

Одличната македонска тенисерка Лина Ѓорческа со победата го стартуваше ИТФ Фјучерсот во Трнава, Словачка. Најдобрата наша тенисерка во првото коло ја совлада руската тенисерка Полина Кудерметова во два сета, со 6-4 и 6-4.Ова е голема победа ако се знае дека Кудерметова е на 165-то место на ВТА листата или дури 48 позиции пред Ѓорческа. Нешто повеќе од еден ипол час и требаше на Македонската за да во двата сета си обезбеди пласман во втората рунда.

Во второто коло Ѓорческа ќе игра против победничката од мечот на првата носителка Маи Хонтама (Јапонија) и Радка Зелничкова (Словачка).

Инаку, овој турнир се игра за награден фонд од 60.000 долари.

Претходна вестУтре стартува петто издание на Скопскиот Градски Фестивал
Следна вестТошковски: Изборите течат без проблеми, секое незаконито дејствие ќе има име и презиме и ќе одговара пред законот