Шкупи по пауза од пет години се враќа во Првата кошаркарска лига

Во третиот, и решавачки натпревар, кошаркарите на Шкупи стигнаа до убедлив триумф над Маџари (77:59), доволен за враќање во Првата македонска лига.

Претходно, тоа им појде од рака и на играчите на МКК Куманово, кои беа подобри од екипата на Ангели во два одиграни натпревари, па овие две екипи во меѓусебен дуел, во финалето, закажано за 11 мај (сабота) во Куманово, ќе одлучат и кој ќе биде шампион на Втората лига-мажи за сезоната 2023/2024.

Прво поентерско име кај Шкупи, со 18 реализирани поени беше Величковски, Тачи реализираше 15, Балоски даде 11, а Двојаковски имаше уште 10.

На другата страна, Тодоровски постигна 17 поени, К. Блажевски го следеше со 14, Милков даде 11, а П. Блажевски уште 10.

Така, по пауза од пет години, кошаркарскиот клуб Шкупи повторно е дел од елитата.

Претходна вестВечер до 19 часот може да се поднесат приговори
Следна вестНајмалку 107 луѓе го загубија животот во поплавите во Бразил