Вечер до 19 часот може да се поднесат приговори

Вечерва до 19 часот е крајниот рок за поднесување приговори до Државната изборна комисија на процесот на гласање на двојните избори, а на полноќ за резултатите. Комисијата има рок од 72 часа да одлучи по евентуалните приговори.

Против одлуката подносителот на приговорот може да поднесе тужба до управниот суд во рок од 24 часа од приемот на решението. Управен конечната одлука ја носи во рок од 48 часа по приемот. ДИК конечните резултати од изборите ќе ги соопшти веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа по завршувањето на целата постапка по приговорите.

Вчера на продолжената 102-ра седница, беа соопштени првичните и официјални резултати од изборите. На претседателските избори, кандидатот од коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска – Давкова освоила мнозинство од гласовите.

По целосно обработените податоци од гласањето на парламентарните избори, Коалиција за европска иднина предводена од СДСМ освоила 18 мандати, коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ- 58 мандати, Европски фронт предводен од ДУИ-19 мандати, коалиција ВЛЕН – 13 мандати, Левица 6 мандати и движењето ЗНАМ исто така 6 мандати.

Изборите беа конкурентни, гласачите беа добро информирани, но процесот останува недоволно регулиран. Таква е оценката од меѓународните набљудувачи за вториот круг од претседателските избори.

Претходна вестПадна дрво во населбата „Автокоманда“ во Скопје
Следна вестШкупи по пауза од пет години се враќа во Првата кошаркарска лига