Струга ја совлада Шкендија и ја одбрани титулата

Струга Трим Лум на гостински терен ја совлада Шкендија со 2:0 во дербито на 32. коло во Првата македонска фудбалска лига и го одбрани шампионскиот трофеј.

Бесарт Ибраими во 43. минута им донесе водство на стружани, победата ја потврди Марјан Радески со гол во 48. минута.

Резултати на денешните натпревари од претпоследното коло во ПМФЛ:

Гостивар – Работнички 0:0
Македонија ЃП – Брегалница 2:1
Шкендија – Струга ТЛ 0:2
Шкупи – АП Брера 0:0
Силекс – Вардар 1:1
Тиквеш – Воска 0:0

Табела: Струга 64 бодови, Шкендија 61, Шкупи 59, Тиквеш 43, Работнички 42, Силекс 42, Воска 41, Гостивар 41, Брера 39, Вардар 36, Македонија 29, Брегалница 27.

Претходна вестРумен Радев до Македонија: Нема да се ревидираат договори
Следна вестПробен чартер лет на Ибериа, со цел авионско поврзување помеѓу Скопје и Мадрид