Дамјан Шишковски го освои првиот трофеј со ерменски Арарат

Македонскиот голман Дамјан Шишковски дојде до првиот трофеј со ерменскиот клуб Арарат каде направи трансфер пред стартот на оваа сезона.

29-годишниот чувар на мрежата и Арарат го освоија Купот на Ерменија. Тимот славеше во финалето над Урарту по изведување на пенали откако регуларниот дел заврши со резултат 1-1.

Дамјан Шишковски беше во ростерот на овој натпревар, но не доби шанса, ама секако дека трофејот му се брои меѓу одличјата.

Голманот беше дел од првиот тим на последните два меча во ерменската лига, но не и во Куп-финалето.

Претходна вестПотсекретарката на Стејт департментот Елизабет М. Ален доаѓа во Македонија
Следна вестБројот на загинати во поплавите во Бразил се зголеми на 147