Потсекретарката на Стејт департментот Елизабет М. Ален доаѓа во Македонија

Заменик-државниот секретар на САД за јавна дипломатија, Елизабет Ален ја започнала посетата на регионот, при што до 20 мај ќе ги посети Македонија, Босна и Херцеговина, Србија и Косово.

Како што се наведува во соопштението на Стејт департментот, главна цел на посетите е продлабочување на партнерството со земјите од Западен Балкан и унапредување на заедничките цели за регионална соработка и европска интеграција.

За време на разговорите, Ален ќе ги нагласи основните демократски вредности кои САД ги споделуваат со луѓето од Западен Балкан и важноста да се работи заедно за заштита на слободните и отворени општества од злонамерно влијание.

Ален во Скопје ќе се сретне со „експерти за странско малигно влијание“.

-Препознавајќи ја културната разновидност и богатото наследство на Македонија, потсекретарката Ален ќе го посети античкиот римски форум во Стоби, каде поддршката на американската влада преку Амбасадорскиот фонд за зачувување на културата помага да се зачува еден од најскапоцените археолошки локалитети во Македонија. Додека е таму, таа ќе разговара со локалните партнери за потенцијалот на проектот за натамошно проширување на економскиот развој и туризмот, се наведува во соопштението.

Претходна вестМалолетник и двајца мажи каснати од кучиња скитници
Следна вестДамјан Шишковски го освои првиот трофеј со ерменски Арарат