Ѓорческа од понеделник ќе игра за пласман на Ролан Гарос

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа од понеделник треба да настапува во квалификациите за пласман на Ролан Гарос, вториот годинашен гранслем-турнир. Ѓорческа е на листата на учеснички во квалификациите објавена на интернет-страница на организаторите на гранслем-турнирот во Париз, што ќе се игра на земјена подлога.

Таа осми пат ќе настапи во квалификации за учество на гранслем-турнир, вторпат за Ролан Гарос (претходно во 2017 година), според податоците на Интернационалната тениска федерација (ИТФ).

Инаку, претседателот на Француската тениска федерација, Жил Моретон, и директорката на турнирот Ролан Гарос, Амели Морезмо, ги објавија т.н. вајлд-карти (покани) за настап на квалификацискиот турнир и за главната ждрепка на турнирите во поединечна конкуренција за жени и за мажи на Ролан Гарос. Меѓу тенисерите што со покана ќе играат на 123-то издание на главниот турнир е и Ричард Гаске (37, Франција), некогашен полуфиналист на Вимблдон (2007 и 2015 година) и на САД опен (2013 година).

Претходна вестСилјановска-Давкова се сретна со верски поглавари: Придонесот на верските заедници е важен за негување на соживотот
Следна вестМалолетник тешко повреден откако тројца малолетници го фрлиле во височина