Силјановска-Давкова се сретна со верски поглавари: Придонесот на верските заедници е важен за негување на соживотот

Важноста на верските заедници е во негување на соживотот, како важен предуслов за просперитетот и напредокот на државата, им порача денеска претседателката Гордана Силјановска-Давкова на поглаварите и претставниците на верските заедници вклучени во Уставот на државата, информираат од претседателскиот кабинет.

Средбата се одржала во претседателскиот кабинет, а претседателката Силјановска-Давкова ги примила архиепископот г.г. Стефан, поглавар на Македонската православна црква Охридска Архиепископија, Реис ул Улема Хаџи Шаќир ефенди Фетаи, поглавар на Исламската верска заедница, скопски бискуп и епарх струмичко – скопски, Киро Стојанов, поглавар на Католичката црква, Марјан Димов, суперинтендентот на Евангелско – методистичката црква, Пепо Леви, претседателот на Еврејската заедница, како и Даријан Сотировски, директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, кои упатиле честитки по повод нејзното стапување на функцијата.

Силјановска-Давкова изразила подготвеност да соработува со сите верски заедници и религиозни групи во државата, што според неа, треба да биде изразено со меѓусебна почит и разбирање.

-Претседателката ја истакнала важноста на верските заедници во негувањето на соживотот, како важен предуслов за просперитетот и напредокот на државата и изрази увереност дека верските заедници ќе продолжат да даваат активен придонес во напорите за одржување и натамошен развој на добрите меѓуверски односи, се вели во соопштението од претседателскиот кабинет.

Претходна вестЕврокомесарот Вархеји оптимистично ни даде нов датум за проширување – 2027 година
Следна вестЃорческа од понеделник ќе игра за пласман на Ролан Гарос