Пелистер ја доби четвртата битка со Работнички и закажа нов финален двобој со МЗТ

Во четврттиот натпревар од полуфиналниот плеј-оф во Првата македонска кошаркарска лига, составот на Пелистер триумфираше против Работнички со 88:80 за конечни 3-1 во серијата. Во борбата за шампионската титула Пелистер ќе го предизвика актуелниот првак МЗТ Скопје Аеродром кој претходно со 3:0 беше подобар од ТФТ Моцарт.

„Зелено-белите“ на стартот се стекнаа со двоцифрена позитива (25:15), нешто подоцна и (29:18), за тој воведе дел да заврши со нешто пониски (29:20) за екипата од Битола. Работнички успеа да намали пола од негативата (24:29) на почетокот на втората четвртина. Но, домаќините не дозволија гостите да се вратат резултатски и за кратко време повторно дојде до двоцифрено водство од 42:32, а на паузата имаше позитива од 48:37.

Во второто полувреме со поените на Мијовиќ, Пелистер поведе и со највисоки (59:42) во 23 минута од натпреварот. Токму членот на битолскиот тим ја диктираше играта во нападот во третата четвртина во која „пелистерци“ по втор пат имаа „плус 17“, (64:47). Работнички најде сили и начин да се врати во мечот со серија од (13-2) за негатива од само шест поени (60:66), по три одиграни четвртини.

Следуваше одговорот од Пелистер во вид на мини-серија од (8-2) за нова двоцифрена предност (74:62), и многу порелаксирана ситуација за екипата која бараше трет „влез“ во големото финале на плеј-офот. Сето тоа реализирано во неполни две минути од последниот период.

Расположениот Планиниќ, со својот 21 поен, се погрижи во последните две минути, двете екипи да влезат со резултат (84:74). Со пет пооени по ред, младиот Шошкиќ ја врати неизвесноста, макар и за момент (80:86). Но, Костоски беше сигурен откако погоди две слободни фрлања вредни ново финале за Пелистер.

Планиниќ во победничките редови заврши со „дабл-дабл“ учинок од 23 поени и 13.скока, го следеше одличниот Маслинко кој запиша 20 поени, додека Најт и Мијовиќ го завршија натпреварот со по 11 коша. По 18 поени кај Работнички постигнаа Рикиќ и Декоузи, додека Ѓуроски заврши со 12.

Претходна вестСловачкиот премиер Роберт Фицо повеќе не е во животна опасност, изјави вицепремиерот
Следна вестСилјановска-Давкова: Грозоморен напад врз словачкиот премиер, се молиме за негово здравје