Силјановска-Давкова: Грозоморен напад врз словачкиот премиер, се молиме за негово здравје

Македонската претседателка Гордана Силјановска Давкова реагираше на веста за атентатот врз словачкиот премиер Роберт Фицо.

-Бев длабоко шокирана кога ја слушнав веста за грозоморниот напад врз словачкиот премиер Роберт Фицо. Се молиме за негово здравје и брзо закрепнување! Нашите мисли се со неговото семејство и со народот на Словачка, напиша Силјановска Давкова.

Словачкиот премиер Роберт Фицо е затрелан по владин состанок, околу 150 километри североисточно од Братислава.

Обидот за атентат се случил кога Фицо отишол меѓу насобраните луѓе.

Според информациите, премиерот на Словачка бил застрелан со два до три куршуми во градите и стомакот. Со хеликоптер итно бил пренесен во болница во Братислава.

Напаѓачот е уапсен на самото место.

Претходна вестПелистер ја доби четвртата битка со Работнички и закажа нов финален двобој со МЗТ
Следна вест125 санкционирани возачи во Скопје