Во казино пуштил во оптек лажни евра: уапсен маж од кичевско
Приведено лице кое пуштило лажни евра во оптек. Имено, вчера во 03.00 часот, во казино на булеварот „Туристичка“ во Охрид, од слобода бил лишен Р.Б.(28) од кичевското село Долно Страгомиште.
Тој се сомничи дека во оптек пуштил лажни евра кои сакал да ги прикаже како вистинити, со што сторил кривично дело „фалсификување пари“, според член 268 од Кривичниот законик.
Полицијата соопшти дека против него ќе биде поднесена соодветна пријава.