Утрово во 08.10 часот, на магистралниот пат Ќафасан – Подмолје, кај клучката за струшкото село Радожда, патничко возило „Mерцедес“ со албански национални ознаки, управувано од Ѓ.А.(55) од Елбасан, Република Албанија, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил совозачот Б.Х.(31), а со телесни повреди се здобиле возачот Ѓ.А. и сопатниците М.Џ.(51), Ц.П.(34)и Д.Х.(24), сите од Република Албанија, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.
Надлежните информираат дека увид извршиле полициски екипи.