Мало невнимание и можно е некој минувач да се сопне и да се повреди. Посебно е ризично поминувањето на постарите луѓе кои тука преку многуте дупки секојдневно одат до пазарчето. Сето ова ги очекува граѓаните кои врват по малиот плоштад лоциран зад трговскиот центар „Бисер“, а кој беше реконструиран пред само две години.
Големи дупки во гумената подлога која на мести е и нестабилна е секојдневието веќе поодамна. Истрошеноста на подлогата по рабовите така и во средишниот дел, како и извадените решетки од сливниците за вода се истио така се поголеми и повидливи. Почнаа да се вадат и штици од клупите на кои се седи, некои од подни светилки веќе не работат…
Едноставно, се добива впечаток дека плоштадот е оставен да пропаѓа иако всушност тој е новоизграден.
-Веќе не личи на ништо, некој може и да се повреди. Гумената подлога се рони и на повеќе места се гледа бетон длабоко во дупките. Мислам дека и неквалитетно ја правеа. Се сеќавам дека на тој ден кога ја ставаа имаше дожд и дека подлогота беше мокра, ни рече еден пензионер кој сакаша да остане анонимен.
-Што чека градоначалникот, зошто не го поправа она што очигледно го нагрдува целиот простор, а и опасно е за постарите и децата, прашува друг аеродромец.
Инаку, реконструкцијата на овој плоштад започна на лето во 2021 година како проект на тогашниот градоначалник на Аеродром Златко Марин кој објави дека реконструкцијата се прави по барање на жителите и дека ќе се добие современ простор. Проектот потоа го продолжи неговиот наследник Тимчо Муцунски кој во 2022 година се пофали дека реконструкцијата завршила на почетокот на неговиот мандат и најави дека ќе се реконструира и плоштадот зад ТЦ „Капитол“, а што се уште се чека.
Да се надеваме дека брзо сето ова ќе се поправи, а најавеното за реконструирање позади „Капитол“ и дека поквалитетно ќе се направи од сегашново што се распаѓа. Народните пари не се бесконечни за да се трошат на рекострукции на нешто што е направено пред само две години.