Возач вчера удрил во две малолетни девојчиња во Кичево и избегал од местото на настанот, информира полицијата.
МВР соопшти дека на 14.05.2024 во 11.30 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на бул.„Ослободување“ во Кичево, патничко возило удрило во две малолетнички и го напуштило местото на несреќата.
-Притоа, едната малолетничка се здобила со тешки телесни повреди, а другата со телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Кичево, соопштија од полицијата.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.