По неоснованите напади и лажните вести за дезинсекцијата во Скопје граѓаните да бидат спокојни бидејќи истата се реализира согласно можноста и временските услови на 18.05, соопшти синоќа Градо Скопје. До обраќањето доаѓа по повеќе написи во медиумите дека градските власто доцнат со прскањето против овие инсекти.
-Иако сме меѓу првите кои спроведуваат прскање против комарци годинава, сепак има оркестриран напад врз Скопје, а за сите други општини се молчи иако дел сеуште ни постапки немаат отпочнато. Во прилогот е доказ кога вршеле прво прскање останатите општини во Македонија и тоа јули до септември, а никој јавно и медиумски не креирал хистерија, потенцираат градскоте власти.
Се додава дека Градот Скопје спроведува мерки во согласност и рамки на роковите предвидени со Закон.
Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 18.05.2024 година (Сабота) во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против лаври од комарци. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.
-Се замолуваат засегнатите кои во изминатите неколку дена подгреваа тензии со дезинформации, со цел наштетување на Градот Скопје, да ги информираат граѓаните дека градот Скопје е меѓу првите во Македонија кои навремено ја врши дезинсекцијата во согласност со тоа кога го дозволуваат временските услови за истото бидејќи кога времето е нестабилно и врнежливо истото не се спроведува, се нагласува во соопштението.