Двајца советници од советничката група на СДСМ во Советот на Општина Кисела Вода, преминаа во ВМРО-ДПМНЕ, објави денеска градоначалник на оваа скопска општина Орце Ѓорѓиевски.
Станува збор за советници од политичките партии ЛДП и ДС кои беа во советничка група со СДСМ. Тие сега ја напуштија советничката група на СДСМ.
-Благодарност до Јане Петковски и Елизабета Стефковска што ги препознаа победничките политики кои носат подобра иднина за нашите жители. Да живее Македонија, порача градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски во објавата на својот профил на Фејсбук.