Четворица битолски пожарникари со едно противпожарно возило од 18.45 до 19.35 часот, интервенирале на извлекување паднат човек во реката Драгор кај месноста „Сали Мост“. Паднатото лице не било повредено, соопшти денеска Центарот за урпавување со кризи.
Прилепски пожарникари, пак, со едно противпожарно возило од 12 до 13.50 часот, интервенирале на извлекување со пумпи вода од поплавени подрумски простории и дворна површина во селото Сенокос.
-Охридски пожарникари пак, од 09.45 до 10.30 часот, имале техничка интервенција на испумпување вода од лифт на улицата „Галичица“ ламела – број 2, додаваат од ЦУК.
Оттаму потсетуваат за голема внимателност поради наглите временски промени, покрај другото, внимателно и да се вози, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на помали одрони.
– Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, нагласуваат од ЦУК.