Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, наместа со услови за појава на краткотрајно невреме. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец најизразен долж Повардарието.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец.
Утре времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен западен ветер. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и услови за појава на краткотрајно невреме особено во северните делови од земјата.
Во Скопје променливо облачно со повремен дожд. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со услови за краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува умерен ветер од југозападен правец.
Дневните температури ќе се движат од 22 до 30 Целзиусови степени.