Во рамките на 52. издание на „Мајски оперски вечери“ вечер на сцената на НОБ ќе биде изведена операта „Тоска“ од Џакомо Пучини под диригентската палка на Паоло Бресан од Италија, а во режија на Огњан Драганов од Бугарија…
Сценографијата е на Зоран Николовски, а костимографијата на Марија Пупучевска, хор-мајстор се Ѓурѓица Дашиќ и Јасмина Ѓоргеска, а концерт-мајстор е Јане Бакевски.
Во насловната улога ќе настапи нашата оперска првенка, Весна Ѓиновска – Илкова, во улогата на сликарот Каварадоси ќе настапи, тенорот Никола Китановски, во улогата на „злобниот Скарпија“ гостинот од Романија, Лусијан Петреан, а во улогата на Анџелоти нашиот бас, Владимир Саздовски. Во останатите улоги ќе настапат: Драган Ампов, Јане Дунимагловски, Тихомир Јакимовски, Димитар Кожухаров, Десанка Глигоријевиќ, Мирослав Антовски заедно со хорот и оркестарот на НОБ.