Јавното сообраќајно претпријатие Скопје информира дека утре поради државниот празник Св. Кирил и Методиј, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред.
Како што посочуваат од ЈСП Скопје, дежурни од 7 до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и во Ѓорче Петров.
Жичницата ќе работи вообичаено, од 10 до 20 часот, при што од 19 до 19.30 часот е последно возење кон врвот, односно во 19.45 часот надолу.