Малолетник тешко повреден во судир во Неготино

Малолетник е тешко повреден во судирот што се случил ноќеска во Неготино, информира полицијата.

МВР соопшти дека денеска во 01.05 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на крстосница од улицата „Маршал Тито“ и улицата „Ацо Аџи-Илов“ во Неготино се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Алфа“, управувано од 34-годишниот Т.К. од Неготино и мопед „Априлија“, управуван од малолетник од Неготино, двете со неготински регистарски ознаки.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Општата болница Кавадарци. За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршил увидна екипа од ОВР Неготино, соопшти МВР.

Претходна вестЈСП утре ќе вози по празничен возен ред
Следна вестСилјановска-Давкова се сретна со папата Франциск, средбата со Радев ќе биде „час поскоро“