Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да ја помине првата пречка во квалификациите за „Ролан Гарос“.
Во првото коло, таа загуби од Марго Рувруа од Франција со 1-2 (2-6, 7-5, 4-6) во меч во кој не успеа да воспостави контрола врз својот сервис и тоа беше главна причина за поразот. Од вкупно 14 гема на нејзин сервис, Ѓорческа освои само пет, во првиот сет ги загуби сите четири, а во последниот гем, првите два по што на Рувруа не и беше тешко да ја задржи предноста и да триумфира.
За Ѓорческа ова беше прв настап на „Ролан Гарос“ по пауза од седум години, а квалификациите во Париз ѝ беа втори годинава за еден Гренд слем турнир откако настапи и во Мелбурн.