Три лица – пешаци вчера биле повредени во одделни сообраќајни незгоди во Македонија
МВР информира дека на 01.06.2024 во 06.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од регионален пат Скопје–Велес со локален пат с.Јурумлери–с.Долно Лисиче, патничко возило „Фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.К.(20), удрило во пешакот С.А.(55), двајцата од с.Јурумлери, скопско.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, се наведува во соопштението.
Еден час подоцна, во Пехчево, било пријавено дека на улицата Илинденеска, комбе управувано од 64-годишен маж, удрил во 66-годишен пешак – и двајцата од Пехчево.
Третата несреќа се случила во Струга, а била пријавена околу 9 часот вчера. Од полицијата велат дека на улицата „Пабло Неруда“ во Струга, патничко возило „Опел“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Е.М.(21) од с.Радолишта, струшко, удрило во пешакот С.Д.(68) од с.Долна Белица, струшко, по што го напуштило местото.
И во овие случаи пешаците се здобиле со тешки телесни повреди, а извршен бил полциски увид.