Пешак прегазен и тешко повреден во Јурумлери, скопско

Едно лице е тешко повредено во сообраќајна незгода што се случила вчера во атарот на скопското дело Јурумлери.

МВР информира дека на 01.06.2024 во 06.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од регионален пат Скопје–Велес со локален пат с.Јурумлери–с.Долно Лисиче, патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.К.(20), удрило во пешакот С.А.(55), двајцата од с.Јурумлери, скопско.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, се наведува во соопштението.

Претходна вестВо Боговиње убиен 47-годишен маж
Следна вестЗа еден ден удрени и повредени тројца пешаци во Пехчево, Јурумлери и во Струга