Прв случај на морбили оваа година. Кај шест годишно дете од струшко Лабуништа е потврдено дека има мали сипаници или морбили.
-Овој случај треба да биде порака дека во Македонија можна е нова епидемија, но засега ќе се следи состојбата со идните можни случаи. Во овој случај детето не било вакцинирано, не одело во градинка ниту во училиште и не патувало надвор од Македонија, велат од институтот за јавно здравје.
Симптоми со исип имала и неговата помала сестра.
Родителот дава податок за сомнителен контакт за кој кажале дека соседот имал исип по телото. За случајот е известена епидемиолошката служба на ЦЈЗ Охрид за понатамошно пребарување на контакти и проверување на вакциналниот статус. Увидот во вакциналниот пункт е во тек.
Портпаролот на комисијата за заразни болести Мехмедовиќ вели дека ќе се разгледа целата состојба, но апелира сите кои не ги вакцинирале децата да ги вакцинираат. Со цел да не дојде до принудна вакцинација за пристуство во градинка.
Се уште има епидемија на пертусис или голема кашлица во Македонија. Бројките на ново заразаени се намалени, но зголемен е бројот на вакцинирани.
За колективен имунитет од било кое заболување потребно е имунизација на населението над 95 проценти. Во случајот со морбили се примаат две вакцини една на со полна година и втората доза на седум години. Најниска е имунизацијата од морбили која е до 73% на национално ниво.
Последниот случај на морбили беше минатата година 13 месечно бебе од Св. Николе, но болеста не се прошири.