Двајца рудари се повредени во изминативе два дена во Пробиштип, соопшти полицијата.
МВР информира дека на 10.06.2024 во 22.08 часот во Полициската станица Пробиштип, од Итна медицинска помош Пробиштип било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Т.Ј.(38) од Пробиштип.
-Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во рудник во с.Добрево, пробиштипско, се наведува во информацијата.
Два часа подоцна настрадал и 38-годишниот рудар.
-На 11.06.2024 во 00.48 часот во Полициската станица Пробиштип, од Итна медицинска помош Пробиштип било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.Р.(20) од Пробиштип. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување работни задачи во рудник во Пробиштип, информираат од МВР.
Во двата случаи бил извршен увид.