Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,55 отсто денеска донесе Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад.
Од ноќеска на полноќе малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,164 ден/кг и изнесува 43,639 ден/кг.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.
Од 14.6.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 80,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 82,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е В) 71,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 70,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 43,639 (денари/килограм).