Словенија ја зафати студен фронт кој донесе пониски температури, но и, како што претходно прогнозираа метеоролозите, јунски снег во ридските предели.
Метеоролозите на Агенцијата за животна средина (Арсо) на мрежата Х напишаа дека зимата се уште не се збогувала во ридовите.
-Зимата во ридовите сè уште не се збогува. Снег врне на нашата највисока метеоролошка станица во Кредарица, напишаа тие.