Home АКТУЕЛНО „Комунална хигиена“: Во Скопје се соочуваме со масовно одлагање отпад околу контејнерите

„Комунална хигиена“: Во Скопје се соочуваме со масовно одлагање отпад околу контејнерите

0
„Комунална хигиена“: Во Скопје се соочуваме со масовно одлагање отпад околу контејнерите

ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје веќе извесен период се соочува со појавата на масовно непрописно исфрлање отпад во непосредна близина на садовите наменети за одлагање на комуналниот отпад, предупреди денеска ова градско претпријатие.

-Дивите депонии околу контејнерите настануваат во периодот кога садовите се сосема празни и отпадот може да се одложи во нив, се наведува во укажувањето на комуналците.

Се додава дека во текот на изминатиов викенд, екипите на Претпријатието отстранија приближно 40 кубни метри отпад одложен до контејнерите на булеварот „Крсте Мисирков“ – во близина на т.ц. „Мавровка“, на улиците „Џон Кенеди“ и „Христијан Тодоровски-Карпош“ во општината Чаир, „Народен фронт“, „Даме Груев“, „Партизанска“ и „Митрополит Теодосиј Гологанов“ – во општината Центар, како и на улиците „1510“ и „Христо Татарчев“ во скопската општина Кисела Вода.

-Градот Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје апелираат да престане тенденциозното непрописно и несовесно исфрлање отпад на јавни површини. Уште еднаш потсетуваме дека секое одлагање отпад надвор од наменски поставените садови претставува директно прекршување на Законот за јавна чистота, а сторителите подлежат на санкции. Ваквото однесување го загрозува јавното здравје и значително ја зголемува опасноста од ширење заразни болести, особено во летниот период, се наведува во укажувањето.