УХМР: Следи период на многу топло време, од четврток портокалово ниво на опасност

Од утре до недела земјава ќе биде под влијание на стабилна и многу топла воздушна маса од југ, која ќе предизвика сончево и натпросечно топло време за овој период од годината, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР).

Дневните температури насекаде ќе бидат над 30, а наместа ќе достигнуваат 40 степени.

– Според прогнозираните и пресметаните гранични вредности на екстремни температури од УХМР, на територијата на нашата земја утре ќе биде активно жолто, а во Скопската и Полошката котлина портокалово ниво за опасност од високи температури. Поради натамошен пораст на температурите од четврток насекаде ќе биде активно портокалово ниво, стои во соопштението од УХМР.

Претходна вестОпштина Карпош: Обвинителството и МВР да упаднат во дивата населба во Злокуќани
Следна вест„Левица“: Партиите на власт енормно ги зголемија тарифите на нотарите