Казнети 102 возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (18.06.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 102 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 14 санкции, две мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, девет санкции за користење мобилен телефон при возење.

Изречени се 10 мерки за некористење сигурносен појас, две санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.

Претходна вестМакедонија во портокалова фаза, Владата препорача бремените жени и постарите лица да не одат на работа
Следна вестСтруга ТЉ, Шкендија и Тиквеш ги дознаа потенцијалите ривали за второто коло од КЛ