Најдобрата македонска фудбалерка, Наташа Андонова, од следната сезона нема да настапува во дресот на Леванте, откако по пет години минати во овој клуб реши дека е време за нов предизвик.
Таа за шпанскиот тим одигра 140 натпревари и постигна 24 голови. Андонова кариерата ја почна во Тиквешанка, беше дел од Борец, а потоа следат настапи за Турбине Потсдам, Барселона, ПСЖ и Розенгард.
За Македонија настапува од 2008 година и досега има одиграно 33 меча во дресот со национални обележја и 14 постигнати голови.