Сончево и многу топло до 40 степени

На подрачјето на Македонија денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. УВ=9

Утринската температура се движеше од 16 до 23 степени, а дневната ќе биде од 30 до 40 степени.

Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од западен правец.

Температурата изутринава изнесуваше 21 степен, а дневната ќе достигне 40 степени.

Претходна вестСо над 20 тони вода дејствувано врз пожар во Кичевско
Следна вестДенес е Духовденска задушница – ден за помен на душите на починатите