Приватните превозници повторно најавуваат протест, не добиле пари од јануари?!

smart

Скопје се соочува со нов колапс на јавниот превоз откако приватните автобуски превозници најавија протест во понеделник, објави вчера теелвизија Телма.

Според нив, приватните автобуси нема да сообраќаат на линиите во Скопје во понеделник, туку ќе останат паркирани во гаражите.

Ваква одлука донеле приватниците, кои тврдат дека не добиле пари од ЈСП „Скопје“ од месец јануари, потребни за да може да работат.

Дел од нив, се пожалиле до редакцијата на Телма дека долгот се зголемил на повеќе од 140 милиони денари, а надлежните никако да го решат проблемот.

Инаку, ова не е прв пат Скопје да остане без приватни автобуси.

Причината и претходно беше долг, а тогаш градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска инсистираше дека не им должи ништо. Сепак инспекцискиот надзор го покажа спротивното.

Претходна вестАлбанска фудбалска федерација: Длабоко жалиме за однесувањето на Даку, тој веќе изрази каење
Следна вестЕУ ќе и блокира на Албанија 112 милиони евра поради измама со ИПАРД програмите