Време е да ги засукаме ракавите и да ги решиме проблемите. Повикувам на единство и заедничка работа. За нова Македонија, за иднината на нашите деца, за подобар живот за сите нас, напиша мандатарот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи во пресрет на седницата за избор на влада
-Време е да се исправиме, да го искористиме нашето знаење, нашата енергија и нашата желба за промена, се наведува во објавата пред седницата за избор на нова влада која почнува денеска.
Тој додаде дека започнува собраниската дебата која ќе стави крај на период на неработење, криминал и разочарувања.
-Денес е историски ден! Започнува собраниската дебата која ќе стави крај на периодот на неработење, криминал, лоши вредности и разочарувања. Со изборот на новата реформска влада, конечно започнува ново поглавје за нашата земја. Македонија е нашиот дом, се вели во дел од објавата.
Понатаму мандатарот Мицкоски вели сега е време Македонија да направи повеќе за секој граѓанин, истакнувајќи дела секој Македонец, Албанец, Турчин, Србин, Ром, Влав, Бошњак и сите останати кои вложиле се’ за својата татковина, треба да добијат возврат од државата.
-Македонија треба да возврати. За вас! За тебе! За сите што живеат во оваа заедничка татковина. Време е да ги засукаме ракавите и да ги решиме проблемите. Повикувам на единство и заедничка работа. За нова Македонија, за иднината на нашите деца, за подобар живот за сите нас. Време е да се исправиме, да го искористиме нашето знаење, нашата енергија и нашата желба за промена. Да се обединиме во овој момент на историска трансформација. Да создадеме општество во кое секој граѓанин ќе може да ги оствари своите соништа и да живее достоинствено, пишува Мицкоски во објавата.
Подоцна, на седницата, во соето обраќање пред пратениците, Мицкоски најави економско заживување, зголемување на пензиите, инвестиции во образованието, здравството и културата, борба против корупцијата, одговорност за секој криминал и реформи усогласени со европските стандарди.
– Доаѓа часот кога татковината треба да направи повеќе за граѓаните. секој од вас направи се за својата татковина, сега е време таа да прави за вас. Според сознанијата што ги имаме, ситуацијата во повеќе области е рамна на клиничка смрт, институциите се доведени до колапс. Одлучно ќе одговориме и за се јавноста ќе биде известена. Нема да барам 100 дена меден месец, туку најавувам инвестиции веднаш, веќе во вторник инвестиција повеке од 400 милиони евра, потоа намалување на даноците и зголемување на пензиите, рече Мицкоски.
Тој ѝ порача на опозицијата дека секогаш е добредојдена за соработка и рече дека нема да спроведува политички хајки, но ќе бара одговорност за сите направени криминалии.