Спасовски: Во програмата на новата власт нема нови, туку проекти што треба да се довршат

Оливер Спасовски, координаторото на пратеничката група на СДСМ, на почетокот од денешната седница за изгласување на новата Влада предводена од мандатарот Христијан Мицкоски, рече дека во заедничката програма на новата владеачка коалиција нема нови проекти, туку довршување на веќе започнати.

Поранешниот министер за внатрешни работи рече дека во документот нема рокови до кога ќе се реализираат проектите, ниту пак, како што рече., финансиска конструкција за тоа колку пари ќе се потрошат и како ќе се обезбедат.

-Има многу прашања кои сте ги ставиле како големи идни достигнувања, се нешто што постојат и функционираат во државата. Напишана е колку да се каже дека ќе правите нешто. Сте напишале видео-надзор на граничните премини, а тој систем постои 30 години и тоа не еден, туку два – на Царинска управа и на МВР. Иако се најавуваше изградбата на инфраструктура – освен доградба на проектите како Кичево – Охрид и „Бехтел и Енка“, кој ви беше коруптивен, сега со задоволство е ставен во програмата, рече Спасовски.

Тој додаде дека првиот основен приоритет, нашето членство во Европската унија во програмата е со сосема различен концепт.

-Тоа е сосема различен концепт од оној што го застапувавте како опозиција во изминатите 8 години и во времето на предизборието, како што е почитувањето на Преспанскиот договор, Договорот со Бугарија и Преговарачката рамка. Факт е дека нема ниту збор за укинување на Преспанскиот договор, ниту збор за укинување на Договорот со Бугарија и факт е дека нема план за тоа како ќе ја промените преговарачката рамка за којашто зборувавте со години наназад дека нема да ја прифатите, рече Спасовски.

Според него, деновиве се гледа и промената на личниот став на Мицкоски за Преспанскиот договор.

-Ако ги погледнете изјавите од пред изборите, во коишто најавувате дека нема да го користите уставното име или дека нема да ја користите придавката денеска најавивте дека тоа ќе го направите. Тоа ли е новиот концепт? Ако е така чесно е да биде тоа кажано пред граѓаните. Затоа што едно е пред граѓаните да речете дури и мандатот ако треба нека ми го одземат јас нема да ја користам придавката на името а денеска овде пред македонското Собрание зборувате како мандатар најавувате почитување на Преспанскиот договор и уставното име на државата, рече Спасовски.

За предлог министрите и вицепремиер додаде дека „кадрите се продолжение на владеењето од претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ, во која има такви и од она во 90-тите“.

 

Претходна вестМицкоски: Време е да ги засукаме ракавите и да ги решиме проблемите
Следна вестСообраќајка кај Глумово, повредени четири лица, едниот од возачите побегнал