Пожар во Струмица, две лица повредени

Покривите на две куќи во Струмица на улицата „Крушевска“ целосно изгореа во страшен пожар кој бил пријавен во 10:55 во ТППЕ Струмица, а две лица се повредени.

Станува збор за куќи кои лепат една со една и се наоѓаат на улицата „Крушевска република“ каде теренот е тешко достапен.

Според информациите од Александар Гудев, командир на ТППЕ Струмица, во гаснењето на големиот пожар учествувале шест противпожарни возила и 22 пожарникари.

-Пожарот е локализиран за еден и пол час. Зафатени се две куќи чии кровни конструкции се паднати како последица од пожарот. Две лица се повредени и се пренесени на лекување во струмичката болница, изјави Гудев.

Причините за пожарот засега не се познати, а увид на местото на пожарот ќе извршат увидни екипи.

Претходна вестГрчки медиуми: Мицкоски трипати ја нарече неговата земја „Македонија“
Следна вестПочина 35-годишно момче во Скопје откако му се слошило дома