Албанската фудбалска федерација официјално објави дека нивниот репрезентативец, Мирлинд Даку добива суспензија во траење од два натпревари поради навредливите скандирања кон Македонците и Србите по мечот со Хрватска на Европското првенство.
УЕФА реши да го суспендира Даку на само два меча, што автоматски значи дека тој нема да биде во составот за мечот со Шпанија и за него настапот во Германија е скоро сигурно завршен.
Тој по завршувањето на мечот со „коцкастите“ кој заврши со резултат 2:2 ги навреди Македонците и Србите, ги поттикнуваше и навивачите да ги повторуваат неговите зборови.
На навредливите скандирања веднаш реагираа српската и македонската фудбалска федерација, а УЕФА бргу покрена дисциплинска постапка против играчот и навремено ја изрече соодветната казна.