Темен режим Режим на светлина

Повреден работник на Коридорот 8, приведен турски државјанин

Лице од гостиварски Стар Балин Дол се здобило со тешки телесни повреди додека извршувало градежни работи на новиот магистрален пат Гостивар – Кичево од „Коридор 8“.

Како што информира МВР, се работи за Р.Н.(29), а случајот во полицијата е пријавен вчера, во 13.05 часот, од Медицинскиот центар – Гостивар каде бил донесен повредениот.

Во врска со настанот, од слобода бил лишен А.М.(31) од Република Турција со привремен престој во Гостивар.

Екипа од ОВР Гостивар извршила увид на местото и за настанот бил запознаен трудов инспектор. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Бебе починало на пат кон Скопје, било донесено во тешка состојба во прилепската болница

Следна објава

Даку доби суспензија од два меча за пцуењето на Македонците