Home АКТУЕЛНО Кумановец нападнал полицаец, па бил приведен

Кумановец нападнал полицаец, па бил приведен

0
Кумановец нападнал полицаец, па бил приведен

Жител на Куманово е приведен завчера откако нападнал полицаец, информира МВР.

– На 22.06.2024 во 21.40 часот на ул.„Гоце Делчев“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.С.(40) од Куманово затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Лицето, како што додаваат од полицијата, било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.