Приватните автобуски превозници од утринава не возат со редуциран градски превоз, изјави денеска скопската градоначалничка Данела Арсовска. Во настапот во емисијата „Студио 10“ таа праша „кој на граѓаните ќе им го надомести стресот кој што е пласиран со информациите дека нема да има приватни автобуси на улиците“.
-Непознат извор, кажал возач…Кој ќе ја надомести штетата на граѓаните? Зошто континуирано се штети на целиот процес и се што е во Градот Скопје само заради политички пресметки. Јас колку што знам такви долгови нема. 140 милиони денари се премногу пари. Тие информации треба да се проверат со ЈСП. Градот Скопје нема никаков финансиски односи со приватните превозници, кажа Арсовск.
Градоначалничката е децидна дека нема застој во приватниот превоз.
-Јавниот превоз функционира нормално, додаде Арсовска.
Во изминатите денови проструи информација дека приватните превозници ќе ги паркирааат автобусите во гаражите. Беше објавено дека ќе возат само од 5 до 10 часот.